СУДИСКИ ПОДГОТОВКИ

Моделарство

Наближуваат светските купови во воздухопловно моделарство “Трофеј Прилеп” и “Македонија” на 27 и 28 септември и се прават последните подготовки за успешна организација. Директорот Здравко Тодороски имаше средба на стручните лица со судискиот кадар. По информацијата за актулностите во кои најголем успех е добиената организација на Светски јуниорски шампионат 2016, беше запознавањето со сатницата и програмата. Во делот на советувањето, судиите го обновија знаењето преку анализа на правилникот и нормите. Беа разгледани деловите од ФАИ за опремата….. Главни судии се Димче Велкоски и Димко Спиркоски.

Пријавени се рекордни над 100  учесници од 13 држави.

Loading