АВАНТУРИСТИ СО ПЕХАРИ

Nagradi za ,,divo,, vozenje so dzipoviТри екипи од Прилеп во категоријата на џипови, адвенчер, се поредија на првите три места на меѓународната трка Балкан маратон оф роуд рели, што од Бугарија низ Македонија заврши во Охрид, а ја организира бугарската мото асоцијација. Меѓу стотината вљубеници на возења по нестандардни патишта, по брда и нагорнини, по шуми и камења, и тоа по 200 километри дневно, најмногу поени освоија за да се искачат на тронот екипата Влатко Гркоски со Панче Чупаркоски со Тојота, Ленд Крузер. Им дишеа во вратот двоецот Костоски – Спиркоски, а тандемот Најдоски и Трајчески го донесе во Прилеп бронзениот пехар.

Шестмината прилепчани велат дека релито било напорно и возбудливо со многу стапици за освојување на поените. Се возело по седум – осум часа дневно низ планини, но неизвесноста и опасностите им го кревале адреналинот.

Трите екипи со уште десетина љубители на возење со атрактивни џипови по кал и прашина, речиси секоја недела, се втурнуваат во авантури и уживаат преминувајќи разни природни пречки низ околината на градов.

Инаку, на релито од 2000 километри со старт од бугарскиот град Самоков до Охрид, учествуваа околу 80 возачи од Македонија, Бугарија, Грција, Холандија, Австрија, Италија и Србија, а меѓу нив беше и двократниот победник на Дакар, Жан Луј Шлесер.     

Loading