НИКНА МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

СОУ “Ристе Ристески – Ричко ”

Mladinskata-organizacija-na-''...Ricko''-vo-akcijaНовиот состав на Младинската организација на “…Ричко” штотуку стапи во акција. Единствени со креативни идеи, со ентузијазам на максимално ниво, ќе дејствуваат во учебната 14/15 г. Одговорен професор е Гордана Иваноска, а претседателството е во рацете на ученикот Ѓорѓи Сиракоски. Годинава предвидуваат реализација на интересни проекти од доменот на науката во паралелна врска со забава, дружење и искуства.

– Приоритетот е поврзување со различни невладини организации, меѓу кои АИСЕК, Младински центар ИНФО СЕГА, Црвен крст… Носечка цел е учество во различни проекти и подготовки за претстојниот натпревар на МАССУМ во април, во разни категории – видео реклама, постер, филм, литературни творби – објаснува претседателот Ѓорѓи Сиракоски.

За почеток, во организација на Црвен крст, на 27 септември, ќе учествуваат во флеш моб. Точно во 12 часот на пладне заедно со сите други организации, на плоштадите во своите градови ќе танцуваат на иста песна, со исти чекори да ја одбележат неделата на Црвениот крст и промоцијата на хумани вредности.

Loading