ПРАЗНИК СЕ СЛАВИ

ОУ “Рампо Левката”

Lanska proslava na patroniot praznikОУ “Рампо Левката” денеска одбележува 49 години од своето постоење. Го празнуваат патрониот празник со спортски натпревари меѓу учениците од деветто одделение од ОУ “Рампо Левката” и ОУ “Добре Јованоски”, кои исто така го одбележуваат патронатот. Во двете училишта ќе има свечена програма и оддавање на почит на хероите со положување цвеќе на спомениците пред Судот, Дабнички завој и на Алејата на народните херои. Во координација на директорката Катерина Трпкоска, преку игра и дружење ќе следи поинаква забавна програма. Знаењата и талентите, учениците од петто и шесто одделение ќе ги покажат преку квиз на општообразовно знаење. Учениците од четврто и седмо одделение ќе ја покажат еколошката свест на креативен начин преку интегрирани еко часови на Могила. 

Loading