ИНСТАЛАЦИЈА “БОС ПО ТРЊЕ” ОД АТАНАС АТАНАСОСКИ

Од вечерва од 20 часот, до 29 август во галеријата од ЦК “Марко Цепенков” ќе биде поставена изложбата – инсталација “Бос по трње” од скулпторот Атанас Атанасоски. Станува збор за уметничко дело, изработено од вегетација. Инсталацијата е дел од творечкиот набој  на Атанасоски, кој има специфичен уметнички ракопис.

Скулпторот се претстави во Хрватска, потоа во Софија, а до крајот на годината во Виена. Имал самостојни изложби во Прилеп, Будимпешта, Пиран, Австрија…

Дипломирал на ФЛУ во Скопје (отсек скулптура) во 1987 година, во класата на професор Стефан Маневски, а во 1995 година ги завршил постдипломски студии во Будимпешта. Работи како асистент истражувач во Институтот за старословенска култура.

Loading