“ШВЕЈК….” ГО ОТВОРА ФЕСТИВАЛОТ ВО ЉУБЉАНА

Ансамблот на театарот со претставата “Швејк во втората светска војна”, по Брехт, во режија на Мартин Кочовски, на 14 септември ќе го отвори меѓународниот фестивал на изведувачки уметности “Експонто” во Љубљана. Во претставата игра поголемиот дел од ансамблот, а сценографијата е на Јулијан Војкова Најман, музиката на Фолтин.

Театарот ќе гостува третпат во Словенија овојпат меѓу театри од Словенија, Унгарија, Бугарија, Белгија…

Најпрво беше прикажана “Тапани во ноќта,, од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, а во 2011 година “Кавкаскиот круг со креда”, исто од Брехт, во режија на Кочовски, која беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот.

Инаку, на 10  септември, театарот ќе учествува и на годинашнот Фестивал на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица со  претставата “Буре барут” од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска.

Loading