ЗБИРКА ПЕСНИ НА БЛАГА ТУТЕСКА

Збирката “Аманет” е последниот поетски изблик на поетесата Блага Тутеска. Содржи четири циклуси со 62 песни. Авторката се потврдува како поет кој творечки напредува. Циклусите се со различна тематика, но се хомогена целина на лирика која опфаќа суштински области  од животот. Песните се патриотски, описни, мисловни, елегии. Има и блиски до детската лирика.

– Стиховите зрачат силни пораки за љубовта, животот, патриотизмот, тагата, болката – вели професорот Наум Димковски.

Блага Тутеска е пензиониран наставник по македонски јазик. Љубовта кон јазикот и литературата ја поттикнуваат да твори, а првата збирка е “Ѕуница”.

Loading