ДЕЦЕНИЈА НА ИЗВОНРЕДНИ ПОСТИГНУВАЊА

Гала прослава за десет години ПРЕДА

Регионалната развојна агенција на Пелагонија – ПРЕДА, со гала прославата одбележа деценија на извонредни постигнувања и социо -економски развој во Пелагонискиот регион. На роденденот во хотел Епинал, во Битола, присуствуваа Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, значајни гости од дипломатскиот кор, меѓу кои амбасадорот на Швајцарија – Никол Вирш, градоначалниците од пелагониски регион, соработници и партнери од национални институции, бизнис сектор од регионот како и цивилното општество. М-р Маријана Милевска, извршен директор на Регионална развојна агенција на Пелагонија – ПРЕДА потсети на реализираните проекти и идните планови на агенцијата.

Loading