ПРИЗНАНИЈА ЗА ЕВН МАКЕДОНИЈА ЗА ОПШЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ЕВН Македонија доби признанија за општествено одговорни практики за 2009 година во категоријата вложувања во заедницата и однос со вработени. Донацијата за навремена дијагноза и третман на прематурна ретинопатија на очната клиника во Скопје и имплементацијата на проектот практикантска работа во ЕВН Македонија ги добија националните наградени од координативното тело за Општествена одговорност на претпријатијата подржано од Европската Унија. Донираната опрема на очната клиника во Скопје реши предвреме родените деца, кои страдаа од ретинопатија, првпат да добијат можност за дијагностицирање и третман во новооформениот кабинет на клиничкиот центар. ЕВН Македонија беше наградена и за практикантската работа, со која на младите и перспективни стручни кадри им се овозможува да ги применат знаењата во пракса и побрзо да го разберат и научат процесот на работа. ЕВН Македонија беше наградена лани со 4 признанија во различни категории за општествено одговорни практики. Наградите за општествено одговорни практики на компаниите се доделуваат секоја година. Годинава во конкуренција беа 42 проекти на 22 компании.

Loading