СЕ БАРА ЧАРЕ ЗА ТУТУНСКИ, ЕУРОКОМПОЗИТ…

Еурокомпозит, Тутунскиот комбинат од Прилеп и ЕМО Охрид и по петтиот меѓународен тендер останаа на товар на државата и милионски долгови. Во процес е тендерот за Охис. Се прават аналзи и со сите опции да се најде решение кое ќе овозможи продажба на загубарите, кои државата годишно ја чинат 15 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања вели дека пред владата се неколку опции и во соработка со консултантите се бара најдобро, кое ќе донесе странски инвеститор. Има неколку опции. Едната е да се продолжи како досега. Втора е објава на нов тендер со порелаксирани услови, кои би резултирале успешно, бидејќи досегашните се сериозна бариера за потенцијалните купувачи. Трета, која е теоретски можна, но се уште се прави проценка дали може да се пристапи кон директни преговори со некакви потенцијални купувачи во некаква транспарентна постапка на наддавање со повеќе од нив или можеби со директен договор, кој би морал да оди низ парламентот и да заврши процесот – вели Пешевски. Ситуацијата дополнително ја отежнуваа фактот што речиси сиот имот е под хипотека, што имаат превработеност, а технологија е стара и по неколку децении. Поради овие причини, пред владата стои и опцијата таа да го преземе управување. Четврта опција е да се реструктираат компаниите, што веројатно би значело потреба од докапитализација и значително теоретски е изводливо. Но, тоа би значело враќање на еден друг систем, кога државата ги водела компаниите.Видовме колку тоа успешно го правела досега. Не го препорачувам тоа – вели вицепремиерот Пешевски. Тој смета дека една од главните пречки за влез на странски инвеститор во загубарите е условот да се задржат сите вработени во првите пет години. Се покажа дека е превисока бариера. Беше посочено и од заинтересирани. Но, рековме дека цената не е главниот критериум, целта не е да се приберат повеќе пари, туку да се задржат вработените – констатира Пешевски.

Loading