ЦК “МАРКО ЦЕПЕНКОВ” МИ ГО ВРАТИ ЗАГИНАТОТО ЌЕСЕ

Се јавувам во неделникот да искажам благодарност до вработените во ЦК “Марко Цепенков”. Бев посетител на претстава во ЦК “Марко Цепенков” и го изгубив паричникот во преполната сала. Кога видов дека го немам, се обратив во билетарницата за помош. Одма го пребаравме местото, а од паричникот немаше трага, иако имаше малку пари и лични документи. Следниот ден ми се јавија дека го пронашле и ме повикаа да го земам. Бев пријатно изненаден од чесноста на вработените, кои нашле уште еден изгубен паричник, на кој му го бараа сопственикот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето и да укажам дека претешкото време уште не нé расипало.

Тони Конески

Loading