ШВАЈЦАРСКА ДОНАЦИЈА ЗА ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Fiskultura na nov podИзолација ќе добие подот на спортската сала на ОУ “Гоце Делчев” со донација  од 25 илјади евра на општина Лозано од Швајцарија. Во содржината на подареното се и стотина рефлектори наменети за стадионите.

Дарот го овозможи нашинецот Веселин Степаноски, кој со градоначалникот Марјан Ристески договориле повеќе донации за обнова на  спортските објекти во училиштата за поддршка на спортот како движечка сила на развојот на психофизички здрава младина.

Градоначалникот Ристески очекува донација на спортска балон сала, која ќе биде можност за омасовување на рекреативниот спорт.

Loading