БАЗЕН И ПАРК, НАМЕСТО ПЛАЖА

Куртул од пеколот

– Обновувањето на Паркот на револуцијата привлекува лете илјадници млади и стари не само ноќе, туку и низ денските сенки

Metez za razladuvanje na bazenot Sonce GaСите се радуваат на летото не само заради можноста за излежување на песочни плажи покрај езера и мориња, туку и поради релаксација во локалниот атар. Секој според длабочината на џебот. Градот “нуди” одлична понуда. И тоа за сите возрасти од 7 до 77 години. Летната шема вклучува “криење” под сенките на Паркот, но и “соочување” со сонцето, разладувајќи се во базените. Под дебелата ладовинс, кога надвор е пекол, некој подлегнува на зелената трева, некој потседнува на клупите, се  “организираат” седенки во природа, а други ноќе ги мрдаат нозете, шетајќи  крај езерцата. И младите и возрасните, и децата и старите, секој најдува свое катче за минување на лезетски “студени” моменти,  надвор од четирите ѕида. Кога сонцето ќе замине на Запад пак, и кога се бега од базените, паркот го “напаѓаат” стотици луѓе. Секој бара место за сопствениот кеф. Дури и спортистите, рекреативци, бијат “мегдан” на теренот за одбојка на песок, мерклиите за играта под кошевите трчаат на асфалтот, а фудбалерите се надмудруваат со дриблизни на теренот за мал фудбал. И мини-золошката пред зајдисонце е окупирана од децата со бабите и дедовците. Птиците и неколкуте животинчиња ги привлекуваат децата да ги тргаат мајките и татковците кон кафезите. 

Со обновувањето и поставувањето на урбана опрема и нови содржини некогашниот споменик на револуцијата, пак предизвикува “револуција”. Последниве шест-седум години доживеа ренесанса и стана жижа, собиралиште за сите генерации и дење и за ноќе, оти личи на рајска градина за уживање.  

Локални летни дестинации за разладување, пливање и нуркање се неколкуте базени за освежување и лежење. Метеж од “голо месо” низ базените е рај за душата, но и за очите. Особено младите ги привлекува базенот на хотелот Сонце ГА. Музиката, забавата, слободниот интернет е дневна шема за студентите и учениците кои навреме ги положиле испитите и ја завршиле учебната година со преодни оценки. Дури и повозрасните, го исполнуваат дел од годишниот одмор крај површината со вода за разладување. Оние кои не се напрегаат по нивите со тутун, имаат можности да “грабаат” сенка плус, по ваканцијата на море или езеро или по бурната ноќ. Пријатниот амбиент предизвикува мајтапи, скокови низ водите, игри на терените, па и забава со карти, домино и други летни игри за “сладолед”.     

Filip Talimdzioski– На парк одам дватрипати во неделата. Со друштво се собираме на “мирно и тивко” место за читање. Наутро или приквечер, кога сончевите зрази галат, се брка најубавиот кеф низ интеграцијата на природата  и урбанизацијата – вели Филип Талимџиоски.

– Небаре е обврска престојот на Парк. Во изборот меѓу чаршијата често победува паркот. Секој ден откривам нови задоволства, различни од вчерашните. Петок, сабота в чаршија, а останатите денови на паркот или на базен. Навечер е свежо и пријатно, играме фудбал, кошарка, се шетаме со девојките, се дружиме, па подпивнуваме нешто и тераме муабети. Уште малку да се подосветли и да има уште некоја фонтана плус. Со една фонтана во лето ред се чека да се изгасне жедта – вели Кристијан Ристески.

 

Zabava za deca i mladi na park– Секој ден “киснам” на парк. Се дружиме, а понекогаш и трчаме. Паркот ми е како “втор дом”. Пожелна е поголема контрола за одржување на “ентериерот”. Ова богатство треба да се заштити од уништување. Навечер е така поубаво, поинтересно – вели Мирко Стојаноски.

– Паркот ми е “комшија”, па го користам за разонада. Нема каде да одам во пензионерските денови. Ми врви времето. Љубител сум на птици, па често седнувам кај гулабите и ги хранам. Наутро пешачам, а преку денот најмалку уште два пати се враќам. Убаво ми е шетањето тука. На пладне нема игла кај да се фрли под сенките. Плипот е од народ на крајот од денот – вели Глигорије Оклески.

Cena Petkoska– Кога ќе залади, место “резервирам” в Парк. Излегувам со другарките, а понекогаш сама. Секој ден поседуваме. Паркот нема  грешка за летна разонода за разлика од порано – вели Цена Петкоска.

– На парк “барем” двапати неделно се шетаме со девојката. Одлично место е за одмор кога времето е убаво – вели Дамески Мартин.

– Летото го врвам и на парк, особено во викенди. Навечер има  пријатна атмосферата на клупите. Шетаме со дечкото или со семејството. Пријатно е – вели Благица Велкоска.

– Муабети си редиме со другарките и семејството, а дечињата си играат и се забавуваат –  вели една млада мајка.

 

 

 

 

Severin Bojadzieva so decata– Доаѓам за трчање на патеката со благи угорнини и надолнини. Понекогаш идам и со децата, а и сама – вели Франузинката, Северин Бојаџиева.

 

 

 

 

 

Goce Arizankoski– Се собираме по клупиве секоја вечер. Со кафе, со пријатели, “седенките” во мирната и пријатна атмосфера е убаво летно мени. Рај е! Восхитени се и гостите од Австралија – вели Гоце Аризанкоски. 

– Летово не одам често на базен, ама е возбудливо. А сопругот и внукот пливаат често. Децата се опуштаат во плиткиот базен – вели Ана Наумоска.

 

 

 

 

Dejvi Spirkoski  so drustvo– На базенот го врвам летото скоро 33 години. Летово, конкретно, не толку често, но во потоплите денови редовно. Ги носам децата за забава – вели Дејви Спиркоски.

– Често се случува непланирано да отидеме на базен, да се “покапиме” кога е жешко. Убаво е скокањето, нуркањето до дното – вели Андреј Тодороски.

Секој одбира сопствен начин за разладување.

Loading