КОЛКУ ПОРЕТКИ. ТОЛКУ ПОВРЕДНИ

Нумизматика

Вредни кованици со приказни кај македонските нумизматичари

Кај колекционерите на стари пари растат вредностите со времето и со количината на монети или банкноти пуштена во промет. Според нумизматичарите, највредните и најскапите монети не мора да бидат златни или сребрени. Најценети се ретките, оние кои нивните издавачи, кралеви, цареви и други великодостојници, ги нарачувале за ковање во различни метали или легури во мали количества. Со пластичните пари, односно со популарните електронски картички, опаѓа потребата за готови метални или хартиени пари. Колку помалку се користат, толку поголема е “гладта” на колекцинерите за стари монети или банкноти.

Металните пари, ковани и гравирани во калап, датираат од седмиот век п.н.е. Ја замениле трампата со “готовинско” плаќање. Името “пари” има грчко или латинско потекло. Нашиот “денар” доаѓа од италијански збор.

Колекционерството раб од законот

Во Прилеп нема многу колекционери. Се бројат на прсти. Некои и не се “оддаваат”. Сметаат дека располагаат со “благо” од непроценета вредност. Некои, збрките ги чуваат дел дома, дел во сефови во банките. Таинственоста на нумизматиката доаѓа од сомнителните извори на набавка на примероците. Строго е определено законското стекнување. Колекционерите тешко можат да ги исполанат овие норми. Затоа државата тоа го смета за инкриминирано дејствие. Причината е поради тоа што македонските потомци на Индијана Џонс потрагите ги прават без државни експерти. аинтствено е “откривање” на ризницата под земјата, а луѓето ги “скокотка” потрагата по затрупани богатства, според пишани приказни и легенди, пренесувани од дедо прадедо. Регулацијата уште не “раѓа плодови”. Националното богатство е оставено на дискретни копачи по археолошките и други историски локалитети.

Статер, дерон, алтан, драхма, ореска…

Нумизматиката ги проучува старите и современите ковани пари од историско, културно и уметничко значење. Со тоа се проучува политичката и економската историја, јазикот на еден народ.

Почнувајќи од дероните (5-6 век пред Христа) до лирите, алтаните, од Турцитете, во Македонија има добра нузмизматика. Има кованици од културата на Средоземјето, грчките градови, до пропаѓањето на Западното Римско царство и Античка Грција и Рим,.  Потоа се кованиците од средниот век, поврзани со феудализмот, со католичката црква, со падот на Цариград. После се  кваниците со откривањето на Америка.

Некој нумизматичар ги собира кованиците само од одредени држави или континенти, некои се по мотивот на нив, некои од кој век потекнуваат, некои заради материјал на изработка. Се грижат, ги средуваат во албуми, ги разменуваат со страствени вљубеници во тоа хоби.

Важен е првиот впечаток

Најраспространети биле кованиците со бродови, флора и фауна, лик на владетели од бронза, злато, сребро, платина.

– На предната страна обично стои вредноста на монетата, а на  задната лик на владетел, круна, лик на држава, слики фрески, народни херои… Вредноста зависи од реткоста. Има римски пари, стари и по 2000 години. Но, евтини се, оти во оптек биле пуштени многу. Восхитувачки е првиот визуелен допир на монетата. Сјајот, гребнатинките, т.е. квалитетот, се одржува со посебни алати. Оксидираните делови се важни за кованиците – кажува еден нумизматичар кој сака да остане анонимен.

Собирачите на стари пари сеповрзуваат преку интернет, ретки саеми, изложби во банки. Разменуваат мислења за скапата пасија.

– Прв нумизматичар е ренесансниот поет Франческо Петрарка, а татко се смета Јохан Хилариус Екел од 18 век. Бил прв професор на виенскиот нумизматички универзитет. Во 15 и 16 век, кралеви и благородници создале колекции на монети. Најпознати биле со императорот Максимилијан, со кралот Луј 14. Интересни биле и сребрениците од Александар први, со митолошки божества  – Аполон, Зевс, римските сребреници со божествата, монети од времето на Цезар, Октавијан, па византиските. Димитар Миладинов испратил средновековни монети во белградскиот музеј од каде добил форинти во сребро.

            Колекционери на стари книжни пари

Книжните пари и банкнотите раскажуваат “приказна”. Најчудна е банкнотата на Руската империја со цар Велики, потоа “кризните пари” од Германија, кои личат на стрипови и поштенски марки, потоа кинеските, белоруските, шведските, ирските банкноти со спортист, фунта од Велика Британија, банкноти од Канарските острови, долари од САД, јапонските јени, шпанските пезоси…

Македонските банкноти се печатат на специјална хартија во странство. Тие се со воден печат, заштитна лента, скриена слика…   

НБМ собрала околу 20 илјади ретки пари

Македонската народната банка јавно откупува и добива од донатори ретки пари од тлото на Македонија. Збирката е ризница од околу 20 илјади примероци од монети, медаљи, ексагии, модерни банкноти. Има монети од крајот на шесттиот и почеток на петтиот век п.н.е.

Loading