ПОМОШ ОД ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ

За пензионерите со ниски примања

Со подобрување на временските прилики, пензионерите коваат план за екскурзии пролетва. Претседателите на 20 разграноци разговараа со претседателот на пензионерското здружение, Славко  Трајкоски, за потенцијалниот календар за прошетки надвор од градов. Одредени се 8 екскурзии, од кои 5 низ Македонија и една во соседна Србија. Ќе се организираат два излета на неколку  стотини  пензионери. По Велигден ќе има голема средба во дворот од манастирот Св. Ѓорѓија во селото Пашино  Рувци,  а на есен во манастирот Св. Илија во месноста Писокал.

Пензионерите предложиле и биле прифатни дваесетина предлози за самоиницијативно одредување на дестинации со излетнички и културно историски места во земјава.

Договорено е на пензионерите со примања пониски од 15 илјади денари   пред велигденските празници да им се доделат ваучери од по илјада денари за прехранбени производи. Ако се двајца пензионери, сопруг и сопруга, нивните примања не треба да бидат повисоки од 22 000 денари месечно. Списоците ќе се прават преку разграноците, а потоа зелено светло ќе даде посебна комисија при Здружението.

Во Здружението веќе се прават списоци на пензионерите кои ќе одат со  лекарски наод на бањско лекување. Утврден е и донесен и посебен правилник за висината на субвенционирањето од Здружението.

Или Здружението  годинава ќе подели околу два милиони денари за  помош на членовите со ниски пензиски примања .

Loading