АЏИЛАК НА ГРОБОТ НА ЦАР САМУИЛ

Црквата Свети Ахил на островот во Долна Преспа  – Егејска Македонија

Царот Самуил сакал во својата црква да има мошти на истакнат светител од првите векови на христијанството чиј култ бил раширен на поширок простор. Кога Самуил ја освоил Тесалија, наредил моштите на Свети Ахил да бидат пренесени на истоимениот остров во Преспа.

Егејска Македонија е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала покраина во близина на Пела – престолнината на античкото Македонско Царство. Македонскиот народ во егејскиот дел, според  карактеристиките и обичаите, јазично и етнички, им е туѓ на Грците (Елините).

Сите села во Долна Преспа имаат заедничка историја и судбина. Едно село со значајно историско минато е Ахил на островот Ахил на Малото Преспанско Езеро, каде се наоѓаат остатоци од катедралната црква Свети Ахил Лариски. Царот Самуил сакал во својата црква со мошти на истакнат светител од првите векови на христијанството чиј култ бил раширен на поширок простор. Тој наредил моштите на Свети Ахил да бидат пренесени на островот во Преспа. Пред тоа островот се викал Преспа. Подоцна го добил името на светителот. На островот имало и село со името Ахил. По распаѓањето на Самуиловото царство, Василиј Втори на островот му ставил име Костанција. Името не се зацврстило. За култот на Св. Ахил зборува и присуството на неговиот лик во повеќе цркви.

Црквата Св. Ахил е древен храм. Таа е најфотографираниот споменик на Преспа и е еден од најпознатите пејсажи на Егејска Македонија, на Грција и на Балканот на островот Св. Ахил.

 Византискиот хроничар Скилица пишал дека импозантната црква била градена меѓу 983 и 986 година од македонскиот цар Самуил, во близина на палатата на градот Преспа. Самуил ја освоил Лариса, а војници ги донеле моштите на Св. Ахил, на Св. Диодор од Трики и Св. Ригинос од островот Скопелос кои биле откриени на островот во 1963 година. Според научниците, при ископувањата бил откриен уште еден гроб во друг храм, покриен со пурпурна маса и пресечени ткаенини и туники врзани со орли. Овој гроб се смета дека му припаѓал на цар Самуил. Грчките истражители откриваат дека назалната коска покажува јасна лоза од Ерменија. Мајка му била Ерменка. Била најдена скршената рака на некогашниот владетел на Балканот. Базиликата била градена со материјал од античкиот македонски град Лица од западната страна на островот. Затоа посетата на базиликата Св. Ахил е повеќе од културна прошетка. Тоа е аџилак на убавината.

Импресивната црква била крстовидна. Меѓу урнатините е светилиштето со три пробиени прозорци, столбови од тули и камења и гроб на јужната страна. Пронајдените слики од 11 и 12 век изложени во музејот на Лерин сведочат дека црквата била во употреба и во 15 век. Псле била разрушена. Центарот на населбите бил на островот Св. Ахил, долг 1700, а широк 500 м. Откриени се урнатини на неколку цркви, вклучувајќи ја и големата базилика, која според некои истражувачи била една од седумте големи храма. Црквата била дело на царот Самуил. Сепак, значајно е што црквата Св. Ахил е изградена во Преспа, во Македонија.

Архитектонски Големата базилика била слична со стариот град Плиска. Во руините постојат траги на раното средновековно сликарство и скулптура. Внатре се напишани имињата на епископите од 10 век. И на централниот дел на островот, на височинката веројатно имало цркви, а во пониските делови, крај брегот, станбени објекти. Северниот дел бил наречен Порта што сугерира дека имало одбранбени ѕидови.

Постојат теории дека Преспа била резиденција на најстариот од четирите браќа, Давид, пред да биде убиен во 976 година. Подоцна станала резиденција на Самуил кој владеел со Царството по убиството на неговиот брат Арон во 976 година. Преспа станал официјален главен град на империјата. Додека владеел Самуил имало палати, поврзани со кула на спротивниот брег со помош на вештачки песочен мост.

На источниот брег на Преспанското Езеро, кај селото Герман, цар Самуил оставил плоча со натпис посветен на неговите родители, таткото – Македонецот, Никола и мајката – Ерменката, Рипсимија, како и со посвета на неговиот најстар брат Давид.

По катастрофалниот пораз од војските на Византијците во битката кај Беласица, војниците на Самуил биле ослепени. Императорот Самуил побарал засолниште за ослепените војници во селата Асамати, Долно Дупени и на други места во Преспа, каде што и цар Самуил починал.

Според пишаните документи, Свети Ахил Лариски е христијански светец. Поради високите човечки вредности бил епископ Лариски во 325 година. Со знаењето ги засрамил еретиците и придонесол да победат христијанските принципи. Според едно верување, Ахил зел еден камен и им викнал на ариевците: ,,Ако Христос е создание Божјо, како што велите вие, речете од овој камен да потече елеј,,? При повторувањето на прашањето во друга конотација – ,,Ако Синот Божји е рамен на Отецот, како што веруваме, нека потече елеј од овој камен,,! По овие зборови, протекло елеј.

Празникот на Свети Ахил се слави на 15 мај, по стариот календар. Важен е за Охридската архиепископија. Иако седиштето на црквата се наоѓало во Охрид, синодот често заседавал во црквата Св. Ахил на истоимениот остров во мај, кога е празникот. Кога Самуил бил прогласен за цар во 997 година, седиштето на Патријаршија било во Преспа, но потоа било пренесено во Охрид.

Loading