СО СИТНИ ПАРИ ПО СЕКОЈДНЕВНИТЕ РУТИ

Јавниот градски превоз зема замав

Веќе три месеци функционира градскиот јавен превоз. Расте бројот на патниците секојдневно, се навикнуваат граѓаните на новата услуга која градските власти ја воведоа токму на нивно барање. Ефтин, комфорен и пристапен е превозот со градските автобуси. За 20 денари, а со картичките за повеќекратните и месечните возења и за помалку, односно во просек за 7-10 денари за релација, се стасува од едниот до другиот крај на градот. Функционираат три линии: од Салида до Новите градски гробишта, од Економскиот факултет до Рид, од Амфора до Лук Оил. Трите релации се конципирани да ги опфаќаат крајните точки на градов кој е доста раширен и ги поврзуваат речиси сите јавни, национални и витални институции, установи, објекти и места кои секојдневно се потреба на голем број граѓани. Практично, со купување на дневна карта само за 50  денари, може да се завршат сите обврски со користење на превозот. Освен со припејд картички или билетите, граѓаните може да плаќаат и во кеш, во автобусот, но исклучиво со монети односно “железни пари”.

Екипата на “Зенит” се возеше на релацијата “2”, како најпрометна и тоа во шпицот да ги регистрираме искуствата и впечатоците на граѓаните.

Општата слика е дека автобусите се чисти. Владее позитивна атмосфера, патниците се чувствуваат сигурно што се должи, пред сé, на професионализмот кој го поседуваат квалификуваните возачи.

Slobodan Mitreski– Досега немало никакви проблеми, освен ако веќе може да се нарече проблем – неносењето на метални пари, поради потребата од постојано раситување, доколку некој носи “покрупна пара”, па потребно е да се застане до продавница, да се раситни, што се губи и време. Посметуваат паркираните возила по улиците, што го отежнува движењето. Има видео надзор, а постојано и на внатрешниот ретровизор ги набљудувам патниците, дали сé е во ред. Линијата “2” е најкористена, бидејќи оди до центар, до болница. Барана е и “единицата”, заради релацијата до Градските гробишта. “Тројката” се активира еден месец подоцна од другите и помалку луѓето се запознаени. Турканица е до 11 ч. наутро, но, пак, ќе речам во зависност од потребите на граѓаните – вели Слободан Митрески, возач.

Градскиот превоз го користат административците, наставниците, кои се редовни патници. Воведената новина е тема и во наставата. Постепено се развива и културата на користење на јавниот градски превоз.

Daniela Zelceva– Сабајле од кај болница беше преполно. Станаа за човек со бастунче, ослободија место, а и постари жени се преместија. Полека се развива свеста. Наставник сум и со децата учевме како треба да го користат градскиот сообраќај. Поисплатливо е во однос на такси. Почнавме со користење и на картичките, добредојдени ни се. Се создаде веќе навика – вели  Павлинче Велјаноска, наставник.

На Даниела Желчева не í е мака да стои на покуси релации и í е исплатливо.

Позитивното искуство се дели и во образованието.

Stefka Nebrezanec– Не се возам често, меѓутоа градот е доста проширен и на луѓето му е потреба. Секој поголем урбан простор треба да има градски превоз, но засега се малку возила. Навиката ќе се создаде и луѓето повеќе ќе користат. Нужни се повеќе возила и ќе бидат почести. Ќе се намали чекањето од половина час, што сега е многу. Кога сум “врзана” со ѕвонче, имам повеќе потреба. Сега, кога сме на одмор, го користам до градскиот парк, гробиштата, болницата… Убаво е што просветата е обезбедена со картички. И 20 денари не е скапо во споредба со такси возилата – вели Стефка Небрежанец.

Со градскиот превоз веќе се оди до работното место.

Suzana Vukovi}– Далеку сме, на Рид, и градскиов ни одговара. Речиси секој ден се возам до Тутунски на работа. Може нешто да се измени во врската меѓу Ридот до Тутунски, на пример, право по “Марксова”. И вака е добро, се снајдуваме. Некогаш има метеж, но во ред е. Градскиов сообраќај е нешто најдобро за градов – вели Сузана Вуковиќ.

 

 

 

d-r Olga Nikolova– Вторпат се возам во градски, немам некое искуство. Задоволна сум. Кога ќе имам потреба, ќе користам оти е исплатливо за 20 денари – вели д-р Олга Николова.

 

 

 

 

 

Lence Cvetkoska– Од Точила до центарот брзо се стигнува на работа. Неопходно беше. Користам картичка. Забележувам дека кога ставаат парички и се чека фискална, се губи многу време. Затоа да користат картички, ем побрзо, ем поефтино – вели Ленче Цветкоска. 

 

 

 

 

Aleksandar Dzingo– Го користам прилично често од “Ритекс” до Економскиот факултет. Ги задоволува моите потреби. Ме носи точно од дома до работа. Подобро би било автобусите да ги има почесто,  на 15 минути – вели Александар Џинго.  

 

 

 

 

Marija Krsteska– Градски користам секој ден за на работа, но само за втора смена, бидејќи кога сум прва почнуваме од 6 ч, а автобус нема од 5.30 часот. Препорачувам да тргнува порано и да завршува подоцна навечер. Има ред, дисциплина – вели Марија Крстеска.

 

 

 

Градските автобуси се добредојдени за пензионерите, како “другар” во неволја. Можат сегде да стигнат, да се дружат, да бидат корисни со олеснетото движење.

Rozita Krsteska– Почесто користам градски, особено кога е жешко. Пензионерка сум со висок притисок. Гледам да се спасам од жештинава. Постојката ми е блиску до куќата. Ќе излезам некогаш по потреба. Овојпат првпат го згрешив автобусот. Ако, блиску ми е до дома. Наваму не сум била. Ако не го згрешев автобусот, како ќе се прошетав. Начекувам навала. Помладите прават место, некогаш не. Поефтино е од такси. Друго е 60 денари за такси до чаршија, отколку 20 денари за автобус. Немам картичка, но ќе земам. Потешко се “вклопувам” – вели  Розита Крстеска, пензионерка.

До Клубот на пензионери редовно оди и Мино Трајкоски.

Ttajkoski Mino– Секој ден со градски одам во клубот на пензионерите. Штета е што понекогаш празни одат автобусите. Народот уште не е навикнат. Имам картичка и цената е исплатлива. Многу убаво е со автобусиве. Давав 12 банки напред – назад, а вака е одлично – вели Трајкоски.

 

 

 

– Сефте го користам градскиов. За првпат, постојките не можев да ги најдам. Но, добро е. Ми кажаа жените и со прашање сé се учи. За на доктор, по маки, се наоѓа за старите – вели Блага Здравеска.

Trajanka Ilioska– Со градскиот ќе се сретнам со некоја стара пријателка или ќе запознаам некоја нова. Го користам по потреба. Со возниот ред се снајдуваме. Отприлика знаеме кога иди – вели Трајанка Илиоска.

 

 

 

 

Граѓаните успеваат да ги научат термините. Младите се снаоѓаат со информации од интернет. Корисниците на јавниот превоз велат дека треба да се обележат и постојките.

Elizabeta Vidanoska– Само стравувам да не го укинат, оти се слушаше дека нема заработка, дека се работи во загуба. Користам картичка и е исплатливо. За 680 денари имам 70 возења, по 8 денари ми е едно возење, за разлика кога користев такси, што од Рид до Точила ми беше 100 денари. Луѓето уште не се навикнати. Нема нереди – вели Елизабета Виданоска.

 

 

 

Jasmina Zabrcanec Spirkoska– Потребни се табли со релациите и точното време на тргнувањето. Кога има измени во возниот ред, освен на Интернет, не можеме да најдеме точни информации. Треба да има градски подоцна за одење и за враќање за оние кои излегуваат во ноќен живот – вели Јасмина Забрчанец Спиркоска.

 

 

 

Len~e Grozdanova 2– Од Струмица сум и таму немаме градски сообраќај. Разликата е голема – вели  Ленче Грозданова од Струмица.

Локалната самоуправа постојано ги анализира позитивните и негативните страни. Се размислува за воведување на нови релации и поставување на информативна инфраструктура и постојки.  

Loading