НОВИ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР

Регионалната стопанска комора

Сашо Самарџиоски, генералниот директор на Прилепската пиварница” и Ѓорѓи Китаноски, управител на Крин КГ се нови членови на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора. Поради заминување во пензија на донеодамна генералниот директор на Комерцијална Банка – Прилеп беше прифатена и замена, со новоименуваниот   Марија Спасиќ.

На седницата, членовите на Управниот одбор расправаа за обврските и примената на Законот за финасиска дисциплина кој од 1 мај, компаниите веќе се обврзани да го применуваат. Д-р Костадин Дуковски, внатрешен ревизор и лиценциран вештак, ги презентираше главните постулати на законот и одговараше на прашања од интерес на компаниите и јавните претпријатија кои, пак, заедно со државата, законот ќе почнат да го применуваат од почетокот на 2016 година.             Бизнисмените побараа допрецизирање на одредени законски одредби. Сметаат дека треба да претрпи измени и Законот за градба, за што иницираа средба со министерот за транспорт и врски,  Миле Јанакиевски, на која би биле презентирани потребите од измените на закон. 

Loading