“КАПКА ПО КАПКА” ЗА ПОВЕЌЕ ПЧЕНКА И ПИПЕРКИ

Dobredojdena opremaАмериканската агенција за помош УСАИД му подари на земјоделецот Илчо Даскалоски од селото Мало Коњари систем за наводнување “капка по капка” во рамките на иницијативата за зголемување на приносите на пченка. Се очекува системот да влијае  на порастот на приноси на пченка во зрно и на силажа за повеќе од 50 отсто.

– Некои од земјоделците постигнаа дури 17 тони зрно и 112 тони силажа по хектар. Со приносите пченка од еден хектар може да се нахранат дури и 16 крави, а без наводнување само четири. Добиваме по СМС инструкции кога да наводнуваме, колку часа, кога да ја прехрануваме пченката и во која фаза со кои ѓубрива. Тоа е голема помош – рече Даскалоски.

Во дел од проектот на УСАИД се пластениците за производство на пиперки и систем за наводнување “капка по капка”.

– Не заболуваат плодовите и побрзо се развиваат пиперките произведени под пластеници и навадени со системот “капка по капка”. Разликата е во подобриот развој на пиперките – вели Александар Мицаноски од Мало Коњари, кој доби мала оранжерија за производство на пиперки.

Заедно со УСАИД, проектот го води Центарот за развој и поддршка на пелагонискиот плански регион.

Loading