УСПЕХ ПО МЕРКА НА СЕЛЕКТОРОТ

Моделарство

Селекторот на македонската репрезентација во воздухопловно моделарство, Здравко Тодороски, со големо задоволство информира за последниот меѓународен натпревар, во Зрењанин, Србија. На Срем купот, нашиот моделар Небојша Стошиќ го освои високото второ место во генерален пласман во категоријата Ф-1-А едрилици. Малку недостасуваше да стигне до пехарот, со оглед на максималниот број поени во основниот дел, а разврската се случи во дополнителните два турнуси. Пред Стошиќ е само Словенецот Коглот, а под него останатите српски и словенечки фаворити. Вториот јуниор Бојан Димески не настапи поради проблеми со командите на моторот.

Репрезентативците сами ги сносат трошоците и очекуваат поддршка на овој план од државата.

Loading