МЛАДОСТ 96 ПРВАК

Пинг – понг

Пионерската екипа на Младост 96 убедливо го освои првото место на Државното првенство во Куманово. Титулата во градов е по долги години, благодарение на успехот од Александар Рикалоски, Бојан Илиески и Андреј Рикалоски. Првенството го завршија без пораз, со пет победи. Во полуфиналето со 3-1 падна Крушево, а во финалето со 3-0 Рисови од Скопје. Ниеден дуел не загубија А. Рикалоски и Илиески. Практично ова е подвиг, ако се имаат предвид околностите. Клубот тешко обезбедува финансиски средства за патувањата, тренинзите, реквизити, топчиња, рекети… Поддршката сега е нужна, да им се овозможат на надежите настапи и на меѓународна сцена за добивање искуство. Проблем е и салата која две години не се користи, а алтернативи се училишните. Доколку сето ова се отстрани, може по три празни години да профункционира пингпонгарската школа.

Викендов А. Рикалоски е на Балканијадата во Турција.

Loading