БОРБИ ВО КСАНТИ

Џудо

Заврши настапот на Александра Најдоска од ЏК Сеишин на Балканијадата за кадетки во Ксанти, Грција. Настапи во категоријата над 70 кг., каде имаше две солидни борби, но епилогот се порази. Добивка е искуството, зашто конкуренцијата беше мошне силна, со џудистки од осум земји. Единствениот медал, сребрен за Македонија, го освои Блерина Сефери од скопски Ипон.

Претстои меѓународен турнир во Струга, каде со 20 членови патува ЏК Сеишин.

Loading