МЕДАЛИ ВО Б ЛИГА

Гимнастика

Во Битола е седиштето на гимнастичката федерација и таму се сите натпревари. Но0, на прилепските гимнастичари не им пречи гостинскиот терен. На првиот турнир од Б – Лигата, меѓу 160 конкуренти од 11 клуба, учествуваа членови на КГС Партизан од Валентин Ангелески и Партизан Соколи од Златко Ангелески. Соколите освоија пет медали. Помладите пионери екипно се трето место, постарите пионери прво. Трето се и помладите пионерки. Поединечно, кај постарите пионерки 3. место е за Марија Пусоска, а кај помладите пионери истиот пласман за Михаил Алинчанец.

За Партизан Соколи сезоната продолжува со натпреварот од А лигата, викендов во Битола.

Loading