РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА КОЛОНИЈАТА ДЕ НИРО

Ретроспективна изложба  на 30 дела од битолската колонија Де Ниро ќе биде отворена вечерва во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Делата се создавани од познати македонски и странски уметници кои учествувале на реномираната ликовна колонија. Изложбата е плод на соработката меѓу Центарот за култура и колонијата, на која досега учествувале стотина уметници од Македонија и целиот свет и кои  создале над 300 уметнички дела.

Loading