ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА ВАСИЛИЕ ПОПОВИЌ – ЦИЦО

Изложба со над 100 експонати, сценографски и костимографски скици, карикатури, лични предмети од Василие Поповиќ – Цицо, ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” по повод 100 години од раѓањето на основоположникот на македонската сценографија.        

– Во текот на својата кратка, одвај 18-годишна сценографска и костимографска кариера започната 1940, а заклучена со неговата прерана смрт (на 49 години), Цицо исцртал, изградил и разурнал точно 85 сценографии за сите видови претстави: 52 драмски, 16/17 оперски, 16 балетски. Освен во својот матичен Македонски народен театар, каде што сработил вкупно 64 претстави, соработувал речиси со сите театри во Македонија: Штип, Велес, Битола, Прилеп, Кочани, Турски театар, Албански театар, Драмски театар… – вели Јелена Лужина, посочувајќи дека македонската културна историја Цицо заслужено го третира како речиси универзален ликовен уметник, некој вид ренесансна сликарско-цртачка појава. 

Loading