ПЛЕВА ОД НАГРАДИ ВО СОУ “ОРДЕ ЧОПЕЛА”

ANITA GJORGJIOSKA - klucen faktor za uspesiteСредното стручно училиште “Орде Чопела” во кое се изучуваат профилите: прехранбен техничар, производно-процесен техничар, техничар нутриционист, ветеринарен техничар од хемиско – технолошката струка, потоа техничар за агроменаџмент, техничар за фармерско производство и техничар за хортикултура од земјоделско ветеринарната струка, техничар за очна оптика и геодетски техничар, ги сумира резултатите од државните натпревари во минатава учебна година.

На МАССУМ, најзначаен натпревар за средните стручни училишта, во повеќе дисциплини, освоени се шест награди. Учениците на СОУ “Орде Чопела”, под менторство на професорката Анета Пејоска и ги освоија наградите: 1-во место Интервју за работа, ученик: Андреј Јованоски со менторите Мирјана С. Ѓорѓиоска и Каролина Боцеска. Второ место за пингпонгар, Дамјан Кусески со ментор Васко Гајтаноски. Сребро за Најдобар бенд со учениците Александар Златески и Филип Митрески под менторство на Наталија Гарбеска. Второ место за  Најдобар постер добиле учениците Ѓорѓи Колески и Антонио Каранфилоски со менторот Ѓорѓија Гагалески. Иста награда добил Кирил Тодороски за Кариерно портфолио со менторот Ѓорѓија Гагалески. Сандра Јакимоска, Даниела Ѓорческа, Дарко Р’тоски и Никола Тодороски со менторите Ангела Филипоска, Анита Галеска и Ружица Јагуриноска биле први за најдобар штанд.

На 50. Смотра на млади истражувачи во организација на Народна техника, меѓу 22 категории, ученикот Спиро Божиноски од II5 клас под менторство на професорите Татјана Тасевска и Билјана Апостолоска го освоил II место во областа Органска хемија, а ученичката Ивана Апостолоска од III2 клас под менторство на професорите Каролина Боцеска и Звездана Николоска исто го зела среброто во областа Аналитичка хемија.

На националниот конкурс од програмата Млади репортери за животната средина  беа пријавени 38 средни училишта со вкупно 38 новинарски статии со прашања од областа на заштитата на животната средина. Нашиот ученик Стефан Андреевски со новинарската статија “Дали постои начин да ги заштитиме биволите во прилепско” изработена под менторство на професорите Игор Галоски, Анита Бунеска и педагогот Тереза Златеска Трајковска и го освои првото место. Статијата ќе биде испратена на интернационалниот натпревар од кампањата   “Млади репортери за животна средина”  каде Стефан ќе се натпреварува со ученици од 25 земји.

СОУ “Орде Чопела” учествуваше на 44-те Државни натпревари  на училиштата од земјоделско-ветеринарната струка кои се одржаа во Валандово заедно со уште 9. Прилепското училиште учествувало во сите предвидени дисциплини со добар успех, а круна на тоа било третото место како севкупен победник на натпреварите. Во дводневните натпревари прво биле одржани “мечевите” во дисциплините вешто возење на трактор и вешто орање. Учениците Марио Бошески од  IV година и Томислав Терзиоски  од I под менторство на професорот Камче Бошковски ја покажале умешноста со правилно возење покрај одредени пречки, кривини и да паркираат трактор наназад, сето тоа за што пократко време. Марио Бошески го освоил II место, а заедно со Томислав го освоиле второто место екипно. Во иста дисциплина, но во женска конкуренција Ирена Дивјакоска и Ангела Стомнароска  од I  година под менторство на професорот Камче Бошковски го повториле успехот на машките соученици, а за вешто орање Ирена Дивјакоска освоила III место.

Во дисциплината Препознавање на коски и органи од домашни животни учествувале учениците Антонио Василкоски од IV  година и Спиро Божиноски од II година по менторство на професорот Игор Галоски. Со знаење и брзина на решавање ученикот Спиро Божиноски го освоил второто место, како заслуга за неговите одлични познавања од ветеринарната област.

Ученици учествувале и во други дисциплини каде ги покажале знаењата, умешностите, ентузијазмот и работоспособноста. Учениците Даниел Христоски и Јулијана Стојаноска под менторство на професорката Фанче Богеска учествувале во дисциплината препознавање на семиња и плевели. Учениците Даниела Ѓорческа и Сандра Јакимоска под менторство на професорката Ружица Јагуриноска учествувале во дисциплината аранжирање на цвеќе, учениците Јасмин Исламоски и Лупчо Јакимоски под менторство на профосорот Панче Паноски зеле учество во дисциплината калемење.

На 8. Републичка средба на учениците од средните стручни училишта од Хемиско – технолошката струка во Република Македонија во Струмица во областа екологија со презентацијата на тема “Загадување и заштита на околината”, учествуваше ученикот Лаки Лучијано Петрески,  од III2 клас од, под менторство на професорката Медиана Николоска.

Областа екологија била од ревијален карактер, а ученикот се здобил со Диплома за учество на усна презентација од областа на технологијата.

На 50. Државен натпревар на младите истражувачи во Скопје, во областа еколошка хемија со темата “Биодизел – еколошко гориво” учествуваше ученикот Александар Пижов,  од II2 клас од СОУ “Орде Чопела”, под менторство на професорките Медиана Николоска и Васе Слабејкоска, кој освои IV место и се здоби со Признаница, а во областа аналитичка хемија со темата “Хемија во кефир” ученикот Лаки Лучијано Петрески, под менторство на професорките Медиана Николоска, Васе Слабејкоска и Славица Петровска исто зел четврто место и Признаница.

Loading