Ретроспективна изложба на 30 дела од битолската колонија Де Ниро ќе биде отворена вечерва во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Делата се создавани од познати македонски и странски уметници кои учествувале на реномираната ликовна колонија. Изложбата е плод на соработката меѓу Центарот за култура и колонијата, на која досега учествувале стотина уметници од Македонија и целиот свет и кои создале над 300 уметнички дела.