ПРИЛЕП МЕЃУ 10-те НАЈДОБРИ ОПШТИНИ

Општината Прилеп претставува успешен пример за висококвалитетно локално управување и е една од најдобрите 10 општини во државава во однос на предзивиците поврзани со капацитетите за управување со јавните финансии.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во 2022 година спроведе темелно истражување и анализа на тема “Финансиското управување  на локално ниво насочено кон граѓаните: пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања”.

– Во истражувањето на сите 80 општини и градот Скопје, анализата покажа дека Општина Прилеп е една од 10-те општини со одлична оценка за финансиско работење и претставува позитивен пример за одлично управување со јавните финансии на локално ниво. Успешното менаџирање, напредокот во финансиското управување и одличните стратегии во финансикото работење резултираат со висок квалитет на јавни локални услуги – изјави градоначалникот Борче Јовчески на 23-тата седница на Советот.

Според него, граѓаните секогаш ги препознаваат одличните стратегии, посветеноста и влогот  на Општината и нејзиното раководство.

Loading