СО ТРАНСПАРЕНТИ ДО ОДГОВОРИ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Советниците од опозицијата на седницата

Советниците на СДСМ и Коалицијата го потсетија градоначалникот Борче Јовчески на нереализираните изборни ветувања. На 23-та седница на Советот, од говорницата, но и со транспаренти поставија и десетина прашања. Според нив, 500 дена има градежна дефанзива, Прилеп – лидер во градењето дивоградби, ладен асфалт и топла вода – изум на Борче Јовчески, повисоки даноци за плати за партиските војници, 500 дена власт – нула реализирани проекти. Прашаа каде се парите за спортистите и за НВО, сексуалното вознемирувани ученици, втор мандат за директорката и кој го ,,изеде” бесплатниот оброк за учениците?

Опозициската СДСМ, за изминатите 500 денови практикување на власт на локално ниво, преку социјалните мрежи потсетуваа дека градоначалникот Јовчески реализирал повисоки сметки за комунални услуги за 67 проценти, повисока цена на градскиот превоз, потрошени 300 илјади евра за паралелна опшинска администрација, потрошен буџет над 21 милион евра за ниту еден реализиран проект и 67 икебани за третина од градоначалничкиот мандат – најдоброто од Борче Јовчески.

Loading