ИСТОРИСКО И КУЛТУРНО БОГАТСТВО НА ГЕРМАНИЈА

Нирнберг

Нирнберг, град во Баварска, Германија. Распослан на двете страни на реката Пегниц. Град со бурна историја од 1050 година. Место на многу одлуки за политички настани во Европа. Се наоѓа во срцето на Германија, сепак е помалку познат иако има долга и комплексна историја, вткаена во шарената и интересна сегашност. Вреди да се посети, оти плус е град на медените срца и на сликарот Дирер.

Пленат бројни знаменитости.

Живеат околу 500.000 граѓани. Ама изгледа како да не се толку, оти сé е беспрекорно организирано. До минута. И сообраќај, и инфраструктура… Сé.

Хигиената е одлика. Чисто на секој чекор. Чудно за голем град. Атракциите за туристите се во стариот дел од градот. Најдобро се истражува пешки. Обиколката да почне со Кралскиот замок. Импресивна градба. Со 351 метар високата структура која доминира над градот. Една од најважните средновековни тврдини во Европа, дворец кој бил резиденција на германските кралеви и цареви од 1050 до 1571 година. Се состои од Кралскиот замок, тврдините и кулите. Кулата Пентагонал датира е од 1040 година. Поголема е Каисербург од 11 век, покрај Синел кулата од каде има фантастичен поглед на целиот град. Моменти за век и веков. Градските тврдини се зачувани и го опкружуваат стариот дел. Поголем дел датираат од 14-15 век, а остатокот од 16-17 век. Имаат многу влезови и кули. Најдобрите делови од ѕидините се на западната страна.

Блиску е куќата на Албрехт Дирер, најпознатиот германски сликар. Куќата на дрвосечачот од 15 век, кој дал многу за западно европската уметност сега е Музеј. Формиран е на крајот на 19 век. Успеал да биде автентичен и да ги избегне бомбардирањата. Илјадници туристи се воодушевуваат на оригиналната историска поставка.

Оттука се слегува кон главниот плоштад, каде е своевиден пазар со тезги. Изграден е во 14 век на местото на еврејско гето. На средината е позлатената фонтана како спирала. Била планирана да биде спирала на градската црква, но заради тежината и недостигот на пари е поставена на плоштадот. Ова е фонтана на среќата. Оригинална, уникатна и кај секој посетител предизвикува голем интерес. Не заради убавината и автентичноста, туку и заради тоа што може да се заврти металниот круг и да се посака среќа. Тука е црквата на Богородица, католичка црква. Крената е на местото на еврејска синагога од 14 век. По бомбардирањето, е реконструирана меѓу 1946 – 53 година. Уметнички и архитектонски е во стилот на  германската готика. Предната фасада е украсена со саат од 16 век. Од другата страна е црквата на Свети Себалд, уште еден  готички храм со извонредна архитектура. Името го добила по побожниот мисионер Себалд, заштитник на градот. Тука може да се разгледа Палатата на правдата.

Од главниот плоштад преку еден од повеќето мостови се стигнува до црквата на Св. Ловре. Постојат докази дека е лутерански храм. Првин била градена во 13 век, а потоа во 15 век. Стилот е готски на еден од најубавите храмови во Нирнберг. Ентериерот го сликале локални уметници.   Била оштетена во Втората светска војна. Подоцна била реконструирана. Крајот на улицата е наречен занаетчиски центар. Се наоѓа покрај една од кулите на стариот град. Овој мал град, кај железничката станица, во најубав сјај ја покажува  традицијата за занаетчиството. Тука се различни продавници и мали работилници. Шетајќи се, галдта се скротува со традиционалните баварски коласи. Надолу се наоѓаат еден спроти друг два моста. На едната страна е градбата позната како Хеилиг Геист Спитал, која била најголемата болница за нега на болни и стари во Нирнберг од 1332 до 1339 година. Сега е старски дом. Зградата е опкружена со живописен пејзаж. Стои покрај реката, меѓу бујна вегетација.        

Облачното утро не ја поколебува желба за откривање на други зданија. Тврдината е таинствена, полна со мистерии кои ја будат љубопитноста. Тука се и автентичните куќи, кои пленат и мамат да бидат ставени во фотки. Покрај реката, крај дрвениот мост, пак се доаѓа до стариот дел.

Со трамвај се оди до конгресниот центар. Во времето на Третио рајх, Нирнберг бил омилен град на Хитлер. Постојано се одржувале конгреси на партијата. Комплексот е огромен со документаристички центар, историја, која не треба да се повтори. Времето е кусо, а и да го има, се потребни денови да се открие дел од поставките. На едната страна на езерото е и Филхармонијата. Денот лета. Останува уште да се вкусат традиционални нирнбершки специјалитети и пиво во гостилница. Национален Музеј со милиони експонати    

Следно што треба да се најде е чешмата Брачна вртелешка или популарно наречена фонтана на бракот од 1984 година. Ја пронадовме на Лудвигплац. Авторот Вебер, градејќи ја, внесол идеја за темните и светлите страни на семејниот живот. Долго време се водела расправа за прифаќање или не, на одделни делови од композицијата и нивното поставување на јавно место, но сепак фонтаната е поставена.

Германскиот национален музеј е најголем во земјата. Датира од 19 век во ѕидините на некогашен манастир. Располага со милиони експонати од различни временски периоди, слики скулптури, алати, инструменти, глобуси, и што уште не. Тука се и спомениците посветени на мирот во светот наречени Пат на човекови права. И на крајот фото пред Операта во Нирнберг каде останаа уште многу знаменитости за разгледување.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading