КОЈ ПАТ ВОДИ ЗА МАРИОВО

Пусто Мариово. Мариовци отпловиле низ светот. Ги пече носталгијата за својата лулка. Солзат очите и тагуваат за родната грутка, но вијат оро на песната “Кој пат води за Мариово” во манастирот Свети Илија за празникот.

Златни зраци го раскинуваат бистрото небо.  Осаменост. Нема луѓе за шум да сторат, ниту за радост ниту за тага. Сé е “пусто”. Нема жители во селото Мелница,  кај манастирот Свети Пророк Илија. Од далечина стадата овци со клопотарци на овните ја уриваат тишината проткаена со песната на птиците. Рај е монотонијата, заплеткана со мистериозност.

Се шират “рацете” на природата да ја откријат величенствената манастирска глеткат. Грандиозната капија, се вели дека ја направил старешината на војската од Првата светска војна кога манастирот бил магацин. Парализираниот старешина ветил дека ако оздрави ќе го крене манастирот. Оздравел и капијата е негово дело.

Раззеленува пролетта Цветаа јаболка, грмушки. Магијата, волшебниот мир, спокојството, тишината.

Прегрнува силно манастирот. Камената црква “зрачи личотија”. Се откинуваат воздишки. Амбиентот мами, со силна верба во Бог да ја нахраните вашата духовност, со порака која извира од секој камен на црквата. Колку камења, толку историја. Копнежот се смирува. “Срцето” на манастирот црквата.

Ѕидовите говорат преку раскошно бележаниот фантастичен уметнички израз. Храмот е катче на врвен фрескоживопис, ризница на светители и настани од Библијата, доловени од познатиот Аврам Дичов од Тресонче од 1881 г.. Ретка композиција е Страшниот суд. Секоја фреска весла со посебна приказна, небаре бисер исплетен од трепет на таинствени зборови. Клокоти дамнина.

Дедо Стале Чешелков го обновил манастирот во 1872 година, а фрескоживописан е 1881 година. Според преданијата, тој бил од Полчишта и служел на Атос, во Грција. Некој го советувал да го закуќи манастирот. За итриот дедо, насликан во црквата, се раскажува дека требало да оди некаде. Ја извадил иконата од Свети Пророк Илија  и í рекол да го чува храмот. Кога се вратил ги немало кокошките. Со прачка в раце се “заканил” и ја карал иконата. Другиот ден се вратиле кокошките живи.

Се мисли дека црквата е градена на темел од урнат храм. Не е чудно манастирот да дмнешни корени. Црквата е остаток од развиена култура. Градбата е камена со своствена впечатлива архитектура.

Уште вирее легендата дека во црквата е закопано злато. Затоа пред неколку децении биле искршени плочките од “трагачи по богатства”.

Камбанаријата зрачи во белина. Пресна е. Градена е со блокови. Сјае “педантност”. Измешани се сите бои и мириси. Се ,,допира,, позлата вековна. Под манастирот е обновен кладенецот што жубори со водичка за здравје. Местото го сонил поранешен жител и го изградил чешма. Било суво како пустина, а утрината бликнала чиста вода. Мариовецот од Австралија имал визија. Со камени парчиња ја канализирал водата чиста како солза. Се смета дека не само што е за пиење и миење, туку е и илач.

Огромна фреска на „Тајната вечера

Сликарките Кристина Малинческа, Александра Богоеска, Маја Најдоска и Ивана Младеновска ја насликаа фреската “Тајната вечера” во големи димензии во конаците.

Фреската, долга 3,5 метри и висока два метри, е пренесувана според оригиналот на Леонардо Да Винчи.

Loading