БОД ПО БОД ДО ЦЕЛТА

Фудбал: Победа

Екипата Победа и по шест пролетни кола нема триумф, но билансот не е лош, бидејќи нема многу порази – само два. Најмногу се повторуваат нерешените резултати,  четири, вклучително последниот кај Новаци (2:2). И овој бод е вреден затоа што е гостински, како што беа со Тетекс во Тетово и со Осогово во Кочани. Единствено неуспешно реми беше дома со Беласица. Така, бод по бод некако се стигна до бројката 19, доволна да се остане на спасоносното 13. место, наследено од есеноска.

Во Новаци, штета е што не се издржа двојното водство – од 1:0 преку Давид Дебрешлиоски и 2:1 со голот на Дестан Адили и што се добија црвени картони – за Александар Новески, Никола Сарески и тренерот Јане Николоски,. Следи пауза до 30 март, кога е дуелот дома со Саса.

Табела: Беса 54, Пелистер 48, Детонит 45, Арсими 39, Скопје 34, Охрид 33, Башкими, Вардар Н. 28, Беласица 27. Кожуф и Новаци 24, Тетекс 20, Победа 19, Осогово 17, Караорман 15, Саса 14.

Loading