ПРВ ПРОЛЕТЕН ТРИУМФ

Футсал

Конечно добра игра и прв пролетен триумф на Победа во Втората футсал лига. Во 17. коло со 6:3 совладано е Скопје. Стрелци: Никола Трајкоски, Виктор Алексоски 3, Кире Наумоски и Стефан Спиркоски. Мечот е одигран на неочекувано место, во салата “Македонија”, за која тешко некој ќе се сети кога последен пат имало спортски настан. Токму овој објект се покажа среќен за Победа, која претходно пролетва имаше само едно реми и четири порази. Следи гостување кај Кораби во Дебар.

Табела: Проект 45, Кораби 41, Јувентус 40, Енхалон и Балкан 24, Партизан и Кратово 23, Каршијака 21, Шкендија 20, Мал Ајакс и Университи 19, Победа 17, Скопје и Конзули 13.

Loading