НАЈСИЛЕН ОТПОР НА ФАВОРИТОТ

Ракомет

Екипата Деспина само со 23:24 загуби од Куманово, во 17. коло од Супер-женската ракометна лига. Ова “само” значи дека се очекуваше многу повисока победа на гостинскиот тим, голем фаворит, кој во изминатите 10 години речиси постојано победува со голема разлика. Овојпат не само што прилепчанките се спротивставија, туку и беа блиску до триумф, водејќи со 5 гола разлика. Пресвртот се случи во финишот. Најдобри стрелци: Ангела Камческа 7, Сања Цветкоска 6 (Деспина) – Сузана Зечевиќ 9, Јана Шошевска 5 (Куманово). Претстои гостување кај Ѓорче Петров.

Табела: Ѓорче Петров 46, Металург и Чаир 43, Куманово 42, Вардар 37, Скопје, Стружанка и Пелистер 22, Деспина 19, Спартак и Овче Поле 15, Астибо 9, Шампион 7, Гевгелија 3.

Loading