Трета лига – Југ
Пролетен пресврт во Третата лига – Југ. Наместо есенскиот првак Големо Коњари, лидер на табелата е Борец. Велешкиот тим со победата од 3:0 над Слога побегна со четири бода предност. Но, рано е за предавање. Во ова коло Г. Коњари беше слободно. В недела се дуелите Питу Гули – Г. Коњари и Росоман – Борец.
Табела: Борец 29, Големо Коњари 25, Превалец и Росоман 23, Младост 18, Питу Гули 17, Ултрас 14, Слога 13, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 1.