АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не да му умре козата на комшијата. Сега е важно да му го смениш името!

*

Преку леб побара погача, а потоа и  –  баклава!

*

Затворете ги прозорците ако не сакате да се задушите.

*

Глупоста е болест од која најмногу страдаат сите околу глупавиот.

*

Парите не збогатија никого во умот.

*

Кога сиромашните во умот се богатат, умните се дават во немаштија.

*

Чекаа некој само да зине за да започнат да се проѕеваат.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading