ПАРКИНГ НА ПЛОЧНИКОТ

Центарот или т.н плочникот во седумдесетите години, сликан од  кулата, изгледа стамено, со посебен шмек со голем паркинг, а наоколу се издигнати хотели Јадран и Југославија, хотело Скопје. Покрај шеталиштето со мермерни плочки, неправилно расфрлани, се збрале автомобилите на купче на паркингот на среде. Тоа бил простор за ретките возила кои крстареле низ улиците од коцка.

Оддалеку подава “раце” и пркоси со “виткост” и деветокатницата. Покрај булеварот, раскошно зеленило. Дрвата слободно вишнеат и се шират. Прекрасно.

Тука се дуќаните. Не заборавна е стара Нама, Југопластика, Борово, летната бавча, т.н трло, слаткарниците Инзап И Пензионерскиот клуб, Автобуската станица, и што ли уште не. Се сместиле удобно трафиките пред и по Јадран од каде граѓаните купуваа весници. Прилеп “спие” во 70 – ите под палката на Југославија. Скромно, делотворно, со мисла за подобро утре и со реализација на таа преку непрекината градба…

Loading