КОНЦЕРТ НА ОКТЕТОТ ПРИЛЕП

За Осми март

“Букет од песни” е насловот на концертот што ќе го одржи октетот Прилеп на 7 март од 19 ч. во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. Концертот е посветен на меѓународниот ден на жената Осми март.

Октетот, кој работи под патронат на ЦК “Марко Цепенков”, ќе се претстави со одбрани композиции во кои се пее за жената.

Loading