На карневалот Прочка
Покрај масовноста и одржувањето на традицијата, последното издание на карневалот Прочка на површна ги извади креативноста и имагинациите на граѓаните и гостите покрај претставите и кореографиите со автентичните маски. Особено изненадија не само децата од основните училишта, туку организираните групи на млади со остарување на разни прекрасни идеи од филмови, приказни, адети и обичаи на своите претци.
Затоа наградата Гран при отиде за креацијата на децата од ОУ “Блаже Конески”. Според комисијата за оценка на маските, првото место го заслужија да го зеземат децата од ОУ “Добре Јованоски” за маската Адамс Фемили. Срцето на градот се викаше маската на децата од ОУ “Гоце Делчев”. За неа тие добија не само аплаузи од публиката, туку се качија на позицијата за второ место. Атрактивна и импресивна беше и маската на децата од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, насловена Хакуна Матата, за која ја освоија третата награда во категоријата групни маски. Жирито ја оцени како мошне инвентивна поединечната маска наречена Мила – Волк – Ајкула.
На изложбата на маски од учениците од основните и средните училишта се покажа креативноста на децата. Создадоа над 300 уникатни маски во духот на традицијата, изложени во ЦК “Марко Цепенков”.

Гран при наградата ја освои Изабела Талевска од О.У. “Кирил и Методи” од прилепското село Подмол. Деветтоодделенката не можеше да ја сокрие радоста за освоената награда.
– Еден месец ја создавав маската. Изработена е од традиционални материјали, грав, саргии, пиперка, зеленило… Сакав да ја претставам македонската традиција. Четврта година учествувам на изложбата и ова ми е прва награда. Многу сум среќна – вели Талевска.
Специјалната награда на изложбата беше доделена на маската од второ одделение од ОУ “Климент Охридски”, а во категоријата 6 -7 одд. беа доделени следните награди 1. Матеј Тодоров – О.У. “Блаже Конески”, 2. Иле Наумоски – О.У. “Добре Јованоски”, 3. Марија Талеска – О.У. “Климент Охридски”.
Во категоријата 8 – 9 одд: 1 место за Михаела Јованоска – О.У. “Пере Тошев” Канатларци, 2. Сара Блажеска – О.У. “Кире Гаврилоски”, 3. Евгенија Димитриовска – О.У. “Гоце Делчев”.