ДЕСПИНА Е ВО ПОЛУФИНАЛЕТО!

Фудбал

Дека и женскиот фудбал е интересен, покажа четвртфиналниот меч од Купот на Македонија во средата, Деспина – Тиверија. Домашниот тим победи дури по изведувањето пенали со 4:3, бидејќи во основните 90 минути беше нерешено, 1:1. На игралиштето со вештачка трева имаше голема борба. Екипата Деспина поведе со голот на Настасја Накова во 8. минута, а Тиверија израмни во 66. минута преку прилепчанката Теодора Димоска. Во серијата пенали, стрелци за прилепскиот тим беа Катерина Милеска, Николина Батиниќ, Јана Чубриноска и Сара Ефтинџиоска, а голманката Иман Шљиво одбрани два пенала. Деспина е во полуфиналето, каде се уште тетовските Љуботен и Шкендија, како и Саса од Каменица.

Интересно е и во Првата женска лига, каде Деспина со 10:0 го совлада Борец во Велес, а в недела (15 ч.) дома игра со ексшампионот Саса.

Loading