ПАК НА ВРВОТ!

Ракомет

Екипата на Прилеп со 31:28 ја совлада Струга, во 3. рунда од плеј-аутот на ракометната машка Супер лига на Македонија. Беше интересен дуел во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. На полувремето водеа стружаните со 17:16, но во вториот дел настана пресврт и недостижно домашно водство за конечни 31:28 за прилепскиот тим. Седум гола даде Давор Шокоски, по 6 Христи Бикоски и Грузиецот Уча Гамзардија. Така, на табелата Прилеп се врати на првото место, со оглед  на поразот на Скопје во Неготино.Во следното коло Прилеп дома игра со неготински Вардар.

Табела: Прилеп и Скопје по 8, Куманово и Вардар Н. по 7, Голден арт 6, Јуниор КВ и Струга по 3, Радовиш 2

Loading