ПЛЕЈОФ ЗА ПРВАК НА ОФС ПРИЛЕП

Фудбал: Општинска лига

Убавата традиција продолжува. Викендов, на Градскиот стадион “Гоце Делчев”, се двата полуфинални меча од плејофот за добивање првак на ОФС Прилеп, од учесниците во општинските лиги. Според однапред утврдената шема, првакот од .А-групата, Влазними јуниор (Пресил) за противник го има вториот од Б-групата, Црвена ѕвезда (Сенокос). Овој меч е в сабота од 16 часот. Второто полуфинале е помеѓу првакот од Б-групата, Кадица (Забрчани) и вториот од А-групата, Стрела (Ерековци). Овој дуел е в недела од 16 часот. Победниците од овие полуфинални натпревари се среќаваат во финалето на 19 мај. Победникот во тој меч ќе има право да се стекне со статус на член во повисокиот ранг, Третата лига – Југ.

Минатата година победник беше Кадица (Забрчани), но не се вклучи во третолигашкото друштво, каде на нејзиното место влезе Ултрас (Прилеп).

Loading