НЕЗАМЕНЛИВА ТУЛУМБА

Од памтивек подготовката на леите за тутунски расад потсетува дека доаѓа пролетта и сезоната. Се модернизира производството, но во оваа етапа има малку автоматизација. Леите се дотеруваат со мотика и со грибло, со лопата се фрла ѓубрето, а со раката се посејува семето. Тулумбата е или цревото со решетка уште е незаменлив начин за полевање на тутунското семе. И тенекеџиите уште крпат и калаилсуваат. Прават и нови.  Има и пластични. На тутунарите како да не им лежат в раце, како да не им стојат добро во споредба со старата добра тенекиена тулумба. Овој сад можеби има и некоја ритуална релација со тутунарската традиција. Впрочем, има и функција за полевање на цвеќињата во дворот, а е полезна и при вадењето на плочките околу домашната градина. 

Се олесни производството. Наместо колче в раце, тутунот масовно се расадува со машини. Наместо здодевното бодење или нижење тутунски листови на игли, брзите и ефикасни машини го подготвуваат родот за сушење уште на нива. Исчезна и магарето кое носи вода во буриња. Копањето се модернизира со мали трактори, а големата мрежа од хидросистемот многу полесно го “брка” наводнувањето.

Мачна фаза е само берењето. Раката е незаменлива при откинувањето на листовите од стеблото. Додуша берењето веќе не се прави од мугри, туку главно попладне, сепак, не е лесно да поминат низ прстите илјадници листови и да се подготват за нижење на машината.

Loading