ГРАЃАНИТЕ ВАЛКААТ – КОМУНАЛЦИТЕ ЧИСТАТ

Работниците на Комуналец повторно ги чистат излезите и влезовите во градов, иако обиколниот пат од Жито Прилеп кон Варош, се исчисти во декември. За жал, комуналците пак ги засукаа ракавите да ја суредат несовеста, собирајќи купишта отпад и вложувајќи пак многу наши пари за одржување на хигиената и против лошите табиети на дел од нашите сограѓани.

Комуналец финансиски е во можност и расположивите човечки ресурси да ги коси и да ги чисти влезовите и излезите на градот двапати годишно (напролет и наесен). Со оглед на количините исфрлен отпад, се чини дека ќе мора да чисти повеќепати вакви фреквентни релации. Затоа се повикуваат граѓаните на совесен однос кон хигиената и фрлање на отпадоците на соодветно место за да не се трошат беспотребно пари за чистење.

Пред неколу дена се исчисти околината на салата Македонија и почна освежување и чистење на Паркот на револуцијата.

Loading