ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ – ПРИЛЕП

Зоран Пачешкоски е новиот претседател на ОО на СДСМ во Прилеп. Тој дека ја добил довербата од раководството на СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски да биде претседател на прилепската општинска организација соопшти на неговиот фејсбук профил при што напиша:

– Да се биде претседател на ОО СДСМ Прилеп е огромна чест и привилегија, но и голема одговорност. Предизвикот го прифаќам, заедно со мојот тим и сите Вас до нови победи. Продолжуваме заедно! – напиша Пачешкоски.

Зоран Пачешкоски ја доби довербата од претседателот Димитар Ковачевски

Изброт му го честита досегашниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

– Почитувани сопартијци, мои соборци! Заедно освоивме многу победи, остваривме многу изборни ветувања, реализиравме стотици проекти од интерес на сите наши сограѓани. Како досегашен прв човек на Општинската организација на #СДСМ Прилеп, ја имав честа да бидам иницијатор на многу политички мерки, со кои го подобривме животот на граѓаните на Прилеп. Секогаш ќе бидам горд на сето што заедно го постигнавме. На новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски  му посакувам успех во работењето и во совладувањето на предизвиците пред кои сме сите исправени. Со целото моето искуство и знаење ќе продолжам да допринесувам за напредок и развој на нашиот Прилеп и на нашата Општинска организација – напиша Миле Талевски на ФБ.

Пачешкоски: Предизвикот го прифаќам, заедно со мојот тим

Loading