ЈОВАНОСКИ ОД ЛЕВИЦА Е ОСОМНИЧЕН

Членот на советот на општината Иван Јованоски од Левица седна на обвинителната клупа во судот поради сомневање дека го нарушил јавниот ред и мир и  го навредил поранешниот премиер Зоран Заев при одбележувањето на 11 октомври на Могилата на непобеденитете лани.

О)д партијата оценуваат дека станува збор за уште еден политички монтиран случај против неистомислениците на власта.

-Како подносител на барањето за поведување прекршочна постапка се јавува извесен полициски службеник Златко Николоски. Тој не е оштетена странка. Бидејќи Иван Јованоски се гони поради омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, а како подносител на барањето за поведување постапка не се јавува поранешниот премиер, одбраната побара и судијката одобри на наредното рочиште како сведок да се јави лицето Зоран Заев – појаснуваат од Левица.

На рочиштето, Јованоски целосно ја отфрлил вината и потенцира дека зборовите во записникот не се совпаѓаат со искажаното на конкретниот настан. Не се кае за искажаните зборови. Поранешниот премиер, наводно како оштетена странка, не е подносител на барањето за поведување прекршочна постапка, туку малициозно ги користи органите на прогонот за чист политички реваншизам – соопштија од Левица и потврдија дека е прифатено барањето на одбраната Заев да се јави како сведок.

Членови и активисти на Левица на празникот 11-ти Октомври застанаа пред спомен меморијалниот комплекс Могилата на непобедените, кога владината делегација положуваше цвеќе во чест на загинатите, на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието.

“Зоки немаш лице да се појавиш овде. Му се посра на сите што се овде загинати. Треба да си славите уште еден празник таму во Бугарија, не овде”, рече Јованоски додека тогашниот премиер Заев се поклонуваше пред споменикот.

Во непријатната конверзација се вклучи и уште едно лице, кое му рече на членот на Левица: “Влада на Република Македонија е ова, како не ти е срам?”.

За среќа, не дојде до поголем инцидент. Заев замина, а активистите на Левица останаа да го “окупираат” просторот.

Loading