ФАТЕНИ ДВАЈЦА ДРВОКРАДЦИ

Полицијата привеле двајца прилепчани, кои управувале со две запрежни возила натоварени со огревни дрва без документи на патот за село Оревоец. Откриени се огревни дрва натоварени на две запрежни возила, управувани од С.Ш. (27) и Е.А. (33).  Двајцата биле приведени во полициска, а дрвата и возилата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading