ФЛЕКСИБИЛНОСТ ВО ОТКУПОТ?

Во атмосфера на протести, револт и негодувања на тутунарите од една страна и со убедувања и ветувања на министерот за земјоделие тече откупот на тутунот. Тутунарите ги ставија во мирување блокадите, а откупувачите се согласија на флексибилност и зголемување на откупната цена на тутунот. Одлуката доаѓа по притисоците од тутунарите и од Владата. Но, уште се тактизира со предавањето на родот. Тутунарите цврсти дека нема да го даваат тутунот за џабе. Без пари не го даваме тутунот. Барем 190 денари просек. Во спротивно повторно ќе го реактивираме протестот – велат тутунарите. Министерот за земјоделство Љупчо Димоски дојде во Прилеп лично да се увери како тече откупот. Во Тутунскиот комбинат добро оди проценката. На поголем дел од откупните пунктови се почитува договореното за релаксирана проценка -изјави Димовски. Според него, тутунарите, ако не се задоволни од проценката, имаат шанса да ја повикаат Второстепената комисија од Министерството. Тој најави менување на правилникот за проценка на тутунот кој прави неправди, а потребни се и корекции на Законот за тутун.

 

Loading