БУЏЕТОТ Е РАЗВОЕН

Димитар Стевананџија, претседател на Советот

На 27 седница на Советот, усвоен е буџетот на општината за 2011 година, кој ќе тежи над милјарда денари. Локалната каса ја визираа сите политичките субјекти, освен СДСМ. Димитар Стевананџија, претседател на советот, смета дека имало нервоза во СДСМ, бидејќи буџетот имал развојна компонента. Рекордни 80 милиони денари се предвидени за инфракструктура, за градба на улици, за капитални објекти како што е третата фаза на плоштадот Александрија. За споменикот Карпалак се 30 милиони денари. Работите треба да се окончаат за одбележувањето на десетгодишнината од погибијата на десетмината прилепчани. Десет милиони денари се насочени за потпорни ѕидови, 20 милиони за водоснабдителни системи. Околу 3,8 милиони денари ќе се вратат во стопанството. Тоа е развојноста на буџетот. Советниците од СДСМ ги нервира реализацијата на проектите со бенефит на граѓаните. Се остваруваат планираните програми, одобрени од граѓаните. Ни одговара СДСМ да се некоректни критичари, да изнесуваат празни зборови, а не да поднесуваат амандмани за корекција на буџетот – рече претседателот на Советот. На забелешките дека е донесена одлука за зголемување на платата на градоначалникот за 25 насто, Стевананџија посочува дека општината не определува плата на градонаначалникот, бидејќи се утврдува според коефициент утврден со Закон. Коефициентот е 3,71 од просечната плата во земјата. Тоа важи за сите градоначалници. Сé е во рамките на проекциите, да не се случи да имаме ребаланс во јуни или јули – истакнува Стевананџија.

Општината ненадлежна за здравството

Локалната самоуправа нема надлежности за финансирање на здравството, особено за набавка на возило за итната помош. Лобиравме во Министерството за здравство и возило ќе се набави во 2011 година – вели Стевананџија.