УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ЗА КОМУНАЛЦИТЕ

Годинава вредната комуналска рака во соработка со локалната самоуправа ја блеснаа населбата “Димо Наредникот”. Овој парк опфаќа уредување на централниот островски дел на улицата со фонтани, водоскоци и хортикултирно уредување со украсна туја. Просторот пред трите згради е со тревнати површини, уреден со паркинг места, бехатон патеки, клупи за одмор, корпи за отпадоци, тревнати површини и хортикултурно уредување. Посебно за младите изградено е и спортско игралиште за кошарка, кое може да се користи и за други спортски активности. Комплетно е осветлена целата површина со канделабри, додека фонтаните и езерцата се со подводни и површински светилки. Ископан е бунар со дарежливост од шест литри вода во секунда со комплетна мрежа и пумпни станици. Површината е над 5000 квадрати со 1200 квадрати бехатон патеки и паркинзи и со инвестиција од пет милиони денари. Се изгради и радосниот и несекојдневен парк во ОУ “Кире Гаврилоски” на површина од 3200 м2 со 900 м2 бехатон плочки со изведени амфитетрални училници за оддржување настава на отворено. Направени се шест училници со 186 бетонски столчиња со обложување. Засеани се тревнатите површини со богата хортикултура. Паркот го красат и разновидните бои кои го надополнуваат амбинетот на весел детско училиштен парк. Ова е донација од ЈКП “Комуналец” и локалната самоуправа за учениците, а добиена за награда од кампањата “За поубав и почист град”. Во паркот се инвестирани 1,2 милиони денари. Со бетонски жардењери, многу зеленило и хортикултура се уредуваше и населбата Точила. Целиот потег на ул.”Самоилова” се засеа со трева, засадена е украсна туја и хибискус. Додека на “Војводинска” ќе се засадуваат разноразни зимзелени и цветни растенија. Годинава во Точила инвестирано е над два милиони денари. Со инвестиција од над 13 милиони денари, Прилеп го доби модерниот царински терминал. Асфалтирани се над 5000 квадрати, направена е нова водоводна мрежа, одвод за канализационите и атмосферските води. Изведено е ново столбно и рефлекторно осветлување. Извшена е комјутеризација на 50 тонската вага. Изградени се објектите за царината со потребниот ентериер, ИПСА линија, посебни простории за архивирање. Поставен е видео надзор на целата површина и потребните системи за запис, како и озвучување за повикување. Изведен е АДР простор (за опасни стоки) и електронски рампи за посебен влез и излез, контролна кула, куќарки за шпедиции. Во време на светска економска криза “Комуналец” и локалната самоуправа успеаја да ја покријат капелата и да ја доведат до фаза на карабина. Досега се вложени над 12 милиони денари, а вкупната вредност е 19,6 милиони денари. Изведувач фирмата “Златна рака”. Годинава, со инвестиција од над два милиони денари, се ископани шест нови бунари во Точила 3, Ѓогдере, до фудбалското игралиште на Могилата, во центарот кај патеката на славните, во населбата 11-ти Октомври и на градскиот стадион. Насекаде е поставена инсталација за технолошка вода и активирани се бунарите со поставување на хидранти. Градов располага со 18 бунари за технолошка вода со дарежливост од над 115 литри вода во секунда. Комуналеците вложуваа и во селкција на отпад со изградба на еколошки острови со поставување на контејнери за селекција на ПЕТ амбалжа, хартија и мешан отпад. Вложени се 780 илјади денари во жичени контејнери. Инаку, во просек месечно се селктираат околу 40 тони хартија и од 15 до 20 тони пластика. Со ваквата поставеност на комуналното претпријатие и одличниот старт во поставувањето на комуналната инфраструктура, Во Прилеп ставени се темели за правилно третирање и управување со отпадот. Набавени се и заменети со нови 200 корпи за отпадоци со пепелници и 200 корпи по сијаличните столбови. Старите корпи се повлечени во браварската работилница и се репарираат за замена за в година. Во оваа комунална инфраструктура, инвестирани се 893 илјади денари. Со инвестиција од 300 илјади денари на просторот околу катната гаража, локалната самоуправа и “Комуналец” изградија два парка. Целиот простор се облагороди и доби нов урбан изглед. Комуналците ги реконструираа парковските делови пред поштата. Поставени се клупи, корпи за отпадоци и нови контејнери и вложено е околу 200 илјади денари. Точно 27 возила за подигање на смет, селекција на отпад и одржување на депонијата не беа доволни. Затоа, се набави 25 тонски кипер Ивеко, две сметќари Мерцедес од 20 м3, тешка градежна механизација и лесни теренски возила. Инвестирани се над 6,5 милиони денари. Директорот Златко Ристески највува повеќе проекти за уредувањето и чистотата на градот. Потенцира дека се интензивирани преговорите во делот на правилно третирање и управување со отпадот и изградба на санитарна депонија и постројки за преработка на рециклирачки отпадни материјали. Инаку, од пред три години, градов достигна врвна чистота и хигиена и до ден денешен вредните комуналци го држат ова темпо на работа.

Loading